Ninnared's Instagram Audience Analytics and Demographics

@ninnared

Macedonia

💌 Business - 🖥️Youtube - NinnaRed
nsl▓▓▓▓▓@yahoo.com
Skopje|Centar
Macedonia

Business Category

-

StarNgage Profile

Free Promotion Count

0

Paid Campaign Count

0

Get Our Influencer Rate Card Today!

A brand new way for you to compare the rates of influencers across the world.

Learn More

PROFILE OVERVIEW OF NINNARED

Average engagement rate on the posts is around 5.90%. The average number of likes per post is 401 and the average number of comments is 4.

11.63% of the followers that engaged with ninnared regularly are from Macedonia, followed by Germany at 11.63% and United States at 9.3%. In summary, the top 5 countries of ninnared's posts engager are coming from Macedonia, Germany, United States, Brazil, Thailand.

Ninnared loves posting about Photography.

Check ninnared's audience demography. This analytics report shows ninnared's audience demographic percentage for key statistic like number of followers, average engagement rate, topic of interests, top-5 countries, core gender and so forth.

Followers
6,840
Avg Likes
401
Avg Comments
4
Posts
700
Global Rank
-
Country Rank
-
Category Rank
-

GENDER OF ENGAGERS FOR NINNARED

Female
0 %
Male
0 %

AUDIENCE COUNTRIES OF NINNARED

  • Macedonia 11.63 %
  • Germany 11.63 %
  • United States 9.3 %
  • Brazil 6.98 %
  • Thailand 4.65 %

RECENT POSTS

533 3

Седам така нешто и размислувам. Лето изгледа нема да видиме. Сосема оправдано си извадив архива. Прашина фатила. Ова е негде 2012 година. Дете.

454 1

Колку прекрасно време надвор. Скоро и како благословени да сме. Конечно имаме време за себе. Конечно ,,викендот" подолго трае. Но, овој викенд е нешто посебен. Празничен. Наш си е. Ваш. Сечиј. Овој викенд го празнуваме еден од најголемите христијански празници - Велигден, а среќата е наша што дури сега сме дома. Со најблиските. Со најсаканите. Конечно ги запознавме. Конечно ги разбираме. Конечно се сплотивме. Конечно сите сме како едно. И токму поради таа едноставна причина сите остануваме дома. Но, доколку ти мораш да излезеш од своето топло гнездо и да работиш, во името на моето и твоето семејство, во името на пријателите кои сите ги имаме, соработниците, па и да не ги познаваш, обичните граѓани, те замолуваме да ги почитуваш препораките на Министерството за здравство, особено за Велигденските празници. Заштити се и држи се на растојание од 2м. Од се срце ти благодариме што ни служиш. Чувај се! 🙏✨

577 9

Повеќе не ја држам емоцијата во кафез. Не ја кријам. Не се срамам. Немам зошто. Во ред е да чувствувам. Всушност прекрасно е. Кога чувствувам сум жива. Кога чувствувам процветувам. Кога чувствувам воскреснувам. Кога чувствувам љубам. Кога чувствувам се лутам. Кога чувствувам се смеам. Кога чувствувам плачам. И сето ова е волшебно. Имаме неверојатна дарба. Иако е искривена рамка во туѓи очи, иако е каменувана, иако е отуѓувана, сепак таа е толку чиста, кревка, искрена среќа. Среќа да прогледаш, среќа што те води, среќа што те чува на дланка, во свои крилја. Убаво е да чувствуваш. Уште поубаво е кога ќе го извадиш тоа од себе. Напиши песна, јави се на таа личност, кажи ги тие зборови, медитирај, цртај, слушај добра музика, сними филм, едноставно следи го тоа прекрасно чувство. Ќе излезе ремек дело. Сакај го, зашто знај дека и тоа те сака тебе. Многу, многу, многу длабоко во себе. Ослободи се. Чувствувај и не срами се. Не си сам. И јас сум со тебе. - Н❤️ Фотограф: Марко Маркоски

641 1

Небото отсекогаш ова ми го правеше. Поглед во недоглед. Филм чија лента непрекинато се врти. Секоја ѕвезда своја приказна во чашава ми точи, а ветрот изгледа сака друштво да ми прави, па се лизна солза низ очиве мои. Сцена од детството во Црна Гора, мама, тато, дада, цела фамилија, роднини, учењето велосипед за прв пат со помошни, првиот белег кога паднав врз розите полни со остри боцки, млечните заби што се клатеа, освен еден, па стигнав до првата операција, држењето за рака со докторот, држењето за рака со мама, со тато, сцена од возбудата кога дојде дада на свет, сцена како ја земам од болница и ја носам до дома, сцена од домот без врата, сцена од градење, сцена од нашите родендени, прослави и така неубави моменти за кои не сакам многу да зборувам, но имаат голема улога во тоа која сум денес, сцена од основно, сцена пред камера во Сител Бамбини, првата заљубеност во средно, сцена од пријателите, факс, излегувања до доцни часови, нови лица, богато искуство, работа, работа, работа, стотината насмевки и уште милион други прашања оставени да висат на закачалка кои се чини како сенка ме следат. Кога ќе ги облечам? Дали воопшто ќе ги носам? Треба? Не знам, а треба да знам? Можеби ќе ги дознаам овде на овој бели свет, а можеби и таму горе некаде кога ќе ми го пуштат филмот назад? Таму каде птиците дење летаат, а ноќе ѕвездите неверојатно сјаат... Е вакво чувство ми причини фотографијата пријателе, па и карантинот. Гледаш фати перото да шкрта. Бесмислено, а може и не? Не знам. Одам марамче да земам. Ова е повеќе од една солза... Жива сум човече. Сум имала чувства. Жива сум. Фотограф: Марко Маркоски

484 9

Ја пијам последната голтка од шејкот во дворот. Гледајќи ја празната чаша почна мислата да ми отпатува негде. Ме однесе далеку, далеку... Слушнав ,,уште, мама сакам уште", ,,мамино нема повеќе, толку е", ,,ама мама сакам уште", плачам, а таа ме гали. ,,Како може некој како тебе да плаче? Па ти си мајкино најсилно дете. Што мислиш, зошто ја имаш мама?", ја гледам збунето. ,,Мама е тука за да те сака и да те гледа среќно дете. Не заслужуваш да си тажно јуначе мое". Ми ги брише солзите. Престанав да плачам. ,,Сега мама ќе ти направи многу поубаво благо од ова. Може мамино?", изустив ,,да". ,,Фати ме за раче, ела да ти покажам како тоа се прави", ,,а зошто мама?", љубопитно ја прашав. Ме зеде в раце и ми рече ,,За еден ден мамино кога мама ќе биде гладна да знаеш да го направиш". Години подоцна... Ја гледам чашава. Се насмеав. Ми се насолзија очите. Само што се фатив за вегите и одеднаш ,,Ајде Нина готов е ручекот." Се свртев, ја погледнав како ја мести масата, така прекрасна каква што е и си помислив ,,за тебе мамо ќе седам дома. Само да си ми жива и здрава. За тебе. И твоите омилени колачи ќе ти ги направам. Сега знам кога сум ти најпотребна." Љубов бескрајна. #седидома

696 6

Лето, 2018 година. Ништо не е сменето, а сменето е. На фотографијава се смеам - не знам зошто се смеам, а денес се смеам - знам зошто се смеам. Вчера мислев дека знам сѐ, денеска велам не знам ништо. И ,,гладна" сум за учење. Единствено што можам да ти кажам е забележувај ги своите мисли на страна. Земи тефтер. Пенкало. Пишувај. Пушти ја мислата да тече. Исфрли сѐ од себе. Почувствувај го допирот на листот хартија. Фотографирај моменти. Чувај ги. Стави ги во рамка. Залепи на ѕид. Нека ти бодат очи. Обрни внимание. На секој месец врати се на тие фотографии и чувствувај. Само така ќе увидиш дали се имаш променето и зошто не? ,,Јас знам" ми беше најголемата пречка за созревање и промена. Немој тоа да биде и твојата. Работи на себе. Интервју за порталот Точка. Новинар: Гордана Настевска Манасијеска (@gocmanasievska) Фотограф: Марко Маркоски

528 8

Не сум за сите, а изгледа и не се сите за мене. И во ред е тоа. Навистина е. Мирна ми е мислата. Спие душава. Повеќе не се лутам ако некој ме повреди, зашто знам дека не го прави со умисла. Како? Па едноставно да знаеле луѓето за еден поинаков живот, ќе го живееле. Мора да се случи таков пат за едноставно да извлечеме лекција еден од друг. Јас учам нешто од некого, тој/таа нешто учи од мене. Сите сме ,,лоши ликови" во нечии приказни. И тоа е во ред. И така ќе биде се додека не сфатат дека такви моменти се случуваат за поголема цел. Не сум истиот човек. Се менувам. Од ден за ден, од минута во минута. Ништо не е исто, а сепак е. Растеме, учиме, душата станува помирна, ти стануваш подобар човек. Но, треба да знаеш дека и кога ќе кажеш НЕ не значи дека си лош човек. НЕ не кажува НЕ за вредностите на личноста. Едноставно тоа е НЕ за тебе. За себе. Знаеш што оди со тебе, а што не. Градиш карактер, а ако луѓето се лутат, па... Остави ги. Ќе им помине. Ќе заборават. Секако ќе најдат друга личност за да ѝ се налутат. Тоа е бидејќи не се освестени и така ќе биде се додека не се појави трета личност да ги тресне од земја. Тогаш ќе сфатат, тогаш ќе се освестат. Прости им. Не знаат. Твое е да продолжиш напред. Гледај ја широката слика. Чекори, па дури и по цена сам да си. Универзумот ти го чува грбот.

PEOPLE ALSO VIEWED

Looking for the next influencer in Macedonia to work with?
Have you considered to work with the following influencers?

53.2K
-
0.60 %
Macedonia Events
29K
-
2.60 %
Macedonia Soccer
68.7K
-
0.20 %
Macedonia Fashion, Lifestyle
59K
-
0.03 %
Macedonia Fashion, Gym, Modeling
51.6K
-
2.10 %
Macedonia Travel
3.6K
138 / post
6.20 %
Macedonia Hair & Beauty, Fashion, Celebrities, Design
9.4K
69 / post
-
Macedonia Health & Fitness
1.4K
173 / post
10.10 %
Macedonia Nature & Outdoors, Photography, Architecture, Travel
1.6K
164 / post
19.50 %
Macedonia Hair & Beauty, Fashion, Celebrities
91K
-
1.30 %
Macedonia Bikini, Fashion, Lifestyle
138.5K
-
-
Macedonia Video Games, Fashion, Modeling
186.6K
-
1.30 %
Macedonia Fashion, Modeling, Lifestyle
2.5K
53 / post
2.60 %
Macedonia Travel, Photography, Nature & Outdoors
2.5K
216 / post
7.90 %
Macedonia Architecture, Photography, Nature & Outdoors, Travel
18.3K
-
0.10 %
Macedonia Art, Fashion